Вести Македонија

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО повторно предлага природното и културното наследство на Охридскиот Регион да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност.

Во нацрт-одлуката се наведува дека напредокот во заштитата е недоволен, а заканите за регионот и понатаму се сериозни.

Како главни проблеми се посочуваат урбанизацијата, нелегалната градба, недоволната прекугранична координација, инфраструктурните проекти и бавното решавање на проблемите со отпадните води и загадувањето.

Комитетот потсетува дека веќе неколку години предупредува на сериозните закани и оценува дека тие и понатаму ги исполнуваат критериумите за впишување на Охридскиот Регион на Листата на светско наследство во опасност.

Потребни се итни и координирани мерки,  УНЕСКО бара Македонија и Албанија да подготват заеднички план со конкретни мерки и рокови за зачувување на регионот.

Конечната одлука за статусот на Охридскиот Регион треба да биде донесена на 22 јули, во рамки на 48. сесија на Комитетот за светско наследство што се одржува во Бусан, Јужна Кореја.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе