Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна денеска во Киев, од каде најави нови иницијативи за продлабочување на соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија.
„Ќе објавам нови иницијативи за интеграција на нашите одбранбени индустрии, со цел да имаме поголемо и побрзо производство“, напиша фон дер Лајен на платформата „Икс“, објавувајќи фотографии и снимки од нејзиното пристигнување во украинската престолнина
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
