Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
- Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на опозицијата со која единствената цел е да не се олесни гласањето на дијаспората и да не се донесе нов Изборен законик. СДС, Левица и ДУИ не сакаат нов Изборен законик, затоа што тоа го спремаат за алиби во пресрет на следниот изборен циклус- рече на денешната прес – конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
