Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41 годишниот Александар Лазаров од Кочани од татко Методи и мајка Даринка.
-Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик-соопштија денеска од МВР.
Инаку Лазаров, кој од денеска е на страницата на МВР и по кој е распишан меѓународна потерница во петокот успеал да избега од Полициската станица во Кочани.
Тој искористил прилика, го отворил прозорецот и избегал. Полицијата трагаше по него, а Лазаров кој е познат на кочанската јавност по прекарот Цуната, бил фатен од страна на полицијата и во возилото му била пронајдена бела прашкаста материја.
Кочанчанец го фатиле со дрога па потоа на дрзок начин преку прозор побегнал од полициската станица
