Вести Македонија Топ вести

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Триесет и едногодишен маж од Скопје е приведен по пријава дека со нож му нанел убодни рани на својот татко од кои починал, соопшти утрово Министерството за внатрешни работи.

„Синоќа околу 23 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., 31-годишен скопјанец, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л., 52-годишен скопјанец. Според пријавеното, синоќа околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, мајка на Б.Џ., по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко. По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Свети Наум Охридски“ за укажување на помош“. информираа од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, си прават алиби за изборен пораз

Sasko Dimovski

СДСМ: Владината реконструкција е театар на Мицкоски, нема напред со стара влада во нова амбалажа

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе