Вести Култура Македонија

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Штипските археолози ја дефинираа целосната концепција на петоапсидалната базилика на локалитетот Кале во Крупиште, кој е познат и по археолошките истражувања на Блага Алексова, пред повеќе од четири децении.

Академик Алексова врз основа на истражувањата и пронајдените предмети на кои се испишани букви од глаголицата сметала дека од ова место почнала да се шири писменоста, односно дека токму локалитетот Кале бил градот Равен, каде што Кирил ја напишал глаголицата, а неговиот брат Методиј  бил епископ.

„Таму се постигнаа солидни резултати. Ја дефиниравме целата концепција, односно целата црква, се истражи мартириумот, и така го дефиниравме значи целиот тој простор и се надевам дека понатаму ќе можеме и таа црква да се конзервира, бидејќи мислам дека е единствената црква во Македонија, катедрала каде што се откриени откриена е глаголицата -значи парче камен со глаголицата. Таму стои и митот дека од Светите Петнаесетте Тивериополски маченици се донесени моштите  во оваа црква“, вели Митко Штерјов археолог во ЗЗС и Музеј на град Штип.

Во грамотите на цар Душан е забележано и дека во 1355 година двапати одржал состаноци во Крупиште. Археолошките истражувања се реализираат преку Програмата на Министерството за култура, а деновиве штипските археолози работат на доцноантичката некропола на локацијата Џамлџиски гробишта на 500 метри од локалитетот Баргала, каде што се пронајдоа гробници.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе