По информациите дека светските лидери на Самитот на НАТО што изминатите два дена се одржуваше во Анкара, добиле несекојдневни подароци, односно пиштоли со посвета и вистинска боева муниција од турскиот претседстел Ердоган, Телма ТВ упати прашање со претседателскиот кабинет.
Од вила Водно ни одговорија потврдно дека и македонската претседателка добила таков подарок, кој сега патува со дипломатска пошта и дека таа нема да го користи.
- Подарокот од претседателот Ердоган е примен преку државниот протокол и преку дипломатска пошта, согласно процедурите, ќе биде донесен во Скопје. Подарокот ќе биде соодветно евидентиран во Кабинетот на претседателката и со него ќе се постапи согласно Законот за оружје. Претседателката Сиљановска-Давкова нема да го користи, ниту ќе има било каков контакт со подарокот, велат за Телма од претседателскиот кабинет.
Телма предходно информираше дека Eрдоган им подариlна сите лидери на НАТО кои присуствуваа на самитот во Анкара изненадувачки избор на подарок, револвер со гравирано нивно име и кутија со куршуми.
Британскиот премиер Кир Стармер, кој им го откри гестот на новинарите на летот кон дома, не можеше да се врати во Велика Британија, каде што увозот на оружјето би бил нелегален.
Ердоган им подари на сите лидери на НАТО гравиран револвер и кутија со боева муниција
Во делегацијата која ја предводеше претседателката Сиљановска – Давкова беа и министрите Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски. Од кабинетот на Мисајловски за Телма велат дека министерот за одбрана за подарок добил традиционален турски сувенир како и неговите колеги.

Во 2024 година ваков подарок доби премиерот на Албанија Еди Рама . За време на неговата посета на Анкара, тој го доби пиштолот „Canik“. Ова беше нашироко објавено во балканските медиуми. Исто така и Володимир Зеленски, украинскиот претседател во март 2024 година, при посетата на Истанбул, му беше врачен ваков подарок.
Инаку, Турција во последните години стана глобален играч во воената индустрија (дроновите Бајрактар, оклопни возила, огнено оружје). Подарувањето на пиштолот „Canik TTI Combat“ или специјалните серии на „Canik“ е директна промоција на турскиот квалитет и технологија.
