Вести Македонија

Рачна бомба фрлена кон ресторан во тетовско, две лице се повредени во експлозијата

Илустрација

Две лица се повредени во експлозија на рачна бомба, додека седеле во угостителски објект.

Нападот се случил пред две вечери во  01:20 часот по полноќ кога од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото Добарце – општина Желино. Од експлозијата освен материјална штета, со повреди се здобиле Е.А.(57) од с.Чифлик, тетовско и Г.Ф.(60) од с.Добарце, кои биле во кругот на ресторанот.

Повредените веднаш биле префрлени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол.

За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ердоган им подари на сите лидери на НАТО гравиран револвер и кутија со боева муниција

Kristina Kuzmanovski

За пари од осигурување лажно пријавиле сообраќајка, „Безбеден град“ ги откри

Kristina Kuzmanovski

Генералниот секретар на Интерпол: Maкедонија е важен партнер во борбата против организираниот криминал

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе