Вести Свет

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Лажно декларирани како играчки, повеќе од 200.000 кондоми од Кина  ги заобиколија барањата за контрола на квалитетот на Европската Унија, изложувајќи ги потрошувачите на опасност и ризик од сексуално преносливи инфекции, несакани бремености и опасни хемикалии и материјали, објави  Euronews.

Во ЕУ, кондомите се класифицирани како медицински помагала и мора да ги исполнуваат строгите здравствени и безбедносни стандарди, вклучувајќи контрола на микробиолошка контаминација, биокомпатибилност, отпорност на протекување, пропишани димензии, рок на траење и стабилност. Фалсификуваните производи од Кина ги заобиколиле сите овие услови, според Петр Клемент, раководител на Европската канцеларија за борба против измами.

Фалсификуваните кондоми се опасни. Тие се нетестирани, неисконтролирани и небезбедни, изјави Клемент.

Фалсификуваните кондоми, за коишто се проценува дека би чинеле вкупно повеќе од 200.000 евра, беа запленети во Романија, Србија и Шпанија.

Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ, информира дека неисконтролираните производи биле продавани во Европа под името и логото на добро познат бренд. Канцеларијата не го открива називот.

Тешко е да се дадат точни бројки поради природата на нелегалните мрежи. Фалсификуваната стока е тешко да се пронајде, како што е тешко да се информираат поединците-потрошувачи кои можеби купиле такви кондоми, соопшти ОЛАФ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Макрон сакаше да ја бакне раката на сопругата на Ердоган, таа го одби

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе