Вести Македонија

Сиљановска-Давкова: Македонската држава останува посветен и кредибилен сојузник НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 36. Самит на НАТО, којшто се одржува во Анкара.

Таа истакна дека шефовите на држави и влади на Самитот испратиле силна порака за единство, солидарност и заедничка одговорност на сојузниците во справување со глобалните безбедносни предизвици.

Според неа, земјите-членки покажале јасна подготвеност да го преземат својот дел од товарот во обезбедувањето на заедничката безбедност преку јакнење на сопствените одбранбени способности и зголемување на инвестициите во одбраната.

Претседателката посочи дека македонската држава останува посветен и кредибилен сојузник, којшто активно придонесува кон безбедноста на Алијансата и продолжува со унапредување на своите одбранбени капацитети.

Осврнувајќи се на европската перспектива на Западен Балкан врзано за регионалната стабилност, Сиљановска-Давкова укажа дека принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност, кои се манифестираат во рамките на НАТО, треба доследно да се применуваат и во процесот на европската интеграција. Според неа, обединета Европа не може да биде целосна без интеграција на регионот и крајно време е по 13 години да се откочи процесот на прием на нови членки.

Таа оцени дека кохезијата меѓу сојузниците останува најсилната гаранција за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста, додавајќи дека мирот, дијалогот и почитувањето на меѓународното право се темелните предуслови за траен демократски развој.

Според претседателката, мотото „Посилна Европа, посилно НАТО“ ја добива својата целосна смисла само доколку се темели врз единство, демократија и мир.

  • „Проширена и обединета Европа е посилна Европа, но најсилна е Европа која живее во мир и останува доследна на принципите и вредностите врз кои е изградена евроатлантската заедница“, порача Сиљановска-Давкова.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина професорот Денко Скаловски

Kristina Kuzmanovski

„Казна, а не олеснителни околности“ побара обвинителството за Татјана Димитровска – одбраната тврди дека се прави театар

Дејан Дејан

(Фото/Видео) Грција објави мапа која покажува каде е опасната риба-зајак

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе