Откако американскиот претседател Доналд Трамп за италијанскиот ТВ-канал „Ла7“ изјави дека италијанската премиерка Џорџа Мелони го молела да се фотографираат на самитот на Г7 во Франција што подоцна таа го негираше ова и го обвини дека Трамп ја измислил приказната, јавноста по жестокиот конфикт меѓу двајцата ја очекуваше нивната средба на самиот на НАТО.
Трамп Во Турција запрашан за Италјанската премиерка изјави дека таа е фина личност, но односот меѓу нив двајца се променил.
-Мојот однос со Мелони стана малку лош затоа што таа одби да ни помогне со Иран. Но, ми се допаѓа. Мислам дека е фина личност, всушност. Но, мислам дека направи грешка“, рече Трамп во Турција, каде што дојде за самитот на НАТО.
Сепак она што го привлече вниманието на јавноста беше нивната средба, а не изјавата на Трамп. Односно на видеото јасно се гледа лутиот поглед на Мелони кон Трамп и како таа се обидува да се отргне од американскиот претседател, додека тој се обидува со „насмевка“ да ја задржи за фотографирање.
🇹🇷🚨🇮🇹🔥🇺🇸 AT THE NATO SUMMIT IN ANKARA, MELONI MET TRUMP!
For a split second, her eyes say “We are not allies in this scene anymore.”
The air shifts. Cameras catch it. Everyone feels it. pic.twitter.com/AQCrWbuXnN— JackTheRippler ©️ (@RippleXrpie) July 8, 2026
Инаку пролетва Италија не дозволи американски воени авиони да слетаат во воздухопловната база Сигонела на Сицилија пред да се упатат кон Блискиот Исток, бидејќи Вашингтон не побарал одобрение од владата во Рим.
