Вести Економија Македонија

Business Leader 2026: Кога лидерството излегува на сцена

Постојат денови кога се носат важни деловни одлуки.

И постои еден ден во годината кога оние што ги носат се собираат на едно место.

На 15 октомври, во Македонската филхармонијаBusiness Leader 2026 ќе собере повеќе од 500 лидери од најуспешните компании во Македонија – сопственици, директори, претприемачи, инвеститори, претставници на институциите и дипломатскиот кор.

Во текот на денот ќе се одржат ексклузивна макроекономска анализа и панел-дискусии со домашни и меѓународни лидери, а вечерта ќе кулминира со свеченото доделување на Business Leader Awards – признанија засновани на официјални финансиски показатели, кои им се доделуваат на компаниите што поставуваат стандарди во македонската економија.

Но Business Leader е повеќе од конференција и повеќе од церемонија на признанија. Тоа е ден кога се среќаваат идеите, успехот и луѓето што ја движат економијата. Ден кога започнуваат разговори што прераснуваат во нови партнерства и можности.

Годинашното издание носи и целосно ново сценско доживување. Организаторите најавуваат спектакуларна продукција, музичко шоу и водител чија појава со години е синоним за најголемите настани во Македонија. Повеќе детали за програмата ќе бидат објавени во наредниот период.

Business Leader 2026 се организира со поддршка на HALKBANK АД Скопје, генерален партнер на настанот.

Настанот останува со ограничен капацитет. Најголемиот дел од местата се резервирани за партнерите, компаниите добитници на признанија, спонзорите, институциите и поканетите гости, додека во јавна продажба е пуштен ограничен број Business Pass билети.

По повод отворањето на продажбата, Business Pass билетите се достапни по Early Bird цена од 99 евра + ДДВ на  karti.com.mk и mktickets.mk

Business Leader 2026. Кога лидерството излегува на сцена. 

(Пр текст)

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две девојчиња за насилство врз 12-годишната жртва, две момчиња за потикнување и за снимање на инцидентот и 5 родители- МВР со кривична пријава за меѓуврсничкото насилство во Аеродром

Дејан Дејан

По неполни два месеца повторно се менува Законот за студентски стандард – се воведува забрана за домување и до пет години при поголем прекршок

Tea Dimkovska

Моника Зајкова избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе