Иранската војска соопшти дека извршила напад со беспилотни летала врз американската база Шеик Иса во Бахреин, што, како што се наведува, е одговор на американските напади врз цели на југот на земјата.
„По непријателската агресија на САД врз воени и цивилни подрачја на југот на земјата и кршење на меморандумот од 14 точки, јуришни дронови на војската на Исламската Република Иран утрово нападнаа позиции на американските непријателски сили во база Шеик Иса во Бахреин“, се наведува во соопштението на иранската војска што го пренесе агенцијата ИРНА.
Иранската војска претходно соопшти дека на мета на нејзините напшади се нашле 85 воени локации на САД во Бахреин и во Кувајт.
