Вести Македонија Најважни

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денес во посета на Скопје

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, во пресрет на нејзината посета на Скопје, порача дека Македонија покажала силни резултати во спроведувањето на реформската агенда и ја повика Владата со исто темпо да продолжи и во пристапните преговори со Европската Унија.

Таа оцени дека актуелниот момент претставува можност што се случува „еднаш во генерацијата“ за проширување на Унијата. Во интервју за МИА, Кос истакна дека напредокот во евроинтеграциите зависи од исполнувањето на преземените обврски, градењето доверба со земјите членки и одржувањето добрососедски односи.

Таа нагласи дека ниту една земја кандидат досега не добила гаранции дека во текот на пристапниот процес нема да се појават нови билатерални спорови. За време на денешната посета на Скопје, Кос ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали и со претседателот на Собранието Африм Гаши.

Во фокусот на разговорите ќе бидат реформите, европската интеграција и реализацијата на Планот за раст за Западен Балкан, во чии рамки Македонија досега добила 142,1 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Google Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата – опфатени 13.000 километри

Sasko Dimovski

Николоски и директорoт на ЈП Железници на тест возење на реконструирана пруга за товарен железнички сообраќај

Tea Dimkovska

Руте: Новите напади на САД врз Иран беа апсолутно неопходни

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе