Судскиот совет денеска ќе ја одржи седница на чиј дневниот ред е изборот на нов претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Пред гласањето, членовите ќе го разгледаат и усвојат извештајот со предлог-листата на кандидатите.
Покрај изборот на претседател на Кривичниот суд, Советот ќе расправа и за измени и дополнувања на Годишната програма за работа за 2026 година.
На дневен ред се и одлуки за избор и разрешување на судии поротници, како и формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија или претседател на суд.
