Вести Македонија

ДУИ: На самитот на НАТО во Турција нема ниту еден Албанец во државната делегација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагира дека во државната делегација на Северна Македонија на Самитот на НАТО во Турција нема ниту еден претставник од албанската заедница.

Од партијата оценуваат дека тоа претставува „одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор“.

Во соопштението ДУИ наведува дека Северна Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО, изградена врз принципите на еднаквост, соодветна застапеност и Охридскиот рамковен договор.

„Државните делегации треба да ја одразуваат реалноста на државата, а не да ја избришат“, наведуваат од ДУИ.

Според партијата, исклучувањето на Албанците од највисокото меѓународно претставување испраќа погрешна порака до граѓаните, до сојузниците и до самиот карактер на државата.

„Државата не е соодветно претставена кога половина од нејзината реалност е оставена надвор“, се наведува во партиското соопштение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велешанка со нож го прободела вонбрачниот сопруг по семејно насилство

Дејан Дејан

Инфлацијата во јуни со пад од 0,5% споредено со мај – годишно повисока за 3,4 отсто

Tea Dimkovska

Судиите поротници денес на мирен протест откако со години никој не презема мерки за нивните ниски надоместоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе