Во тек е јавна расправа за новата А-интегрирана еколошка дозвола на „ТИТАН Усје“, на која претставниците на иницијативата „Стоп за усје“ побараа во новата интегрирана дозвола да бидат вклучени сите европски стандарди, регулативи и гранични вредности за емисија на штетни гасови.
Тие сметаат дека предложените гранични вредности се двојно повисоки од оние предвидени со важечкиот закон и нагласуваат дека не бараат дислокација на фабриката, туку построги ограничувања на емисиите.
Од „Усје“, пак, порачаа дека работењето на компанијата е целосно усогласено со важечките стандарди и дека сите законски обврски се почитуваат.
