Вести Македонија Топ вести

МВР поднесе кривична пријава против осуммина вработени во Државниот инспекторат за труд за трагедијата во „Пулс“

Осумина инспектори во Државниот инспекторат за труд се осомничени прврзани со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Денеска полицијата од Кочани поднесе кривични пријави до обвинителството за несовесно работење во службата.  Пријавите се против шестмина инспектори од Кочани и по еден од Скопје и Македонски брод.

Полицијата ги сомничи дека не покренале ниту воделе постапка за инспекциски надзор, не го спречиле незаконското работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица на опасност поради непроверени услови од аспект на безбедноста и здравјето при работа. Според МВР, со тоа овозможиле објектот незаконски да продолжи да работи и да оствари противправна имотна корист од 20 илјади евра.

Кривичната пријава доаѓа после повеќе од 15 месеци откако се случи трегадијата во која загинаа 63 млади луѓе а повеќе од 200 беа повредени. На судскиот процес кој се води во скопскиот кривичен суд за тешки дела против општатат сигурсност против 35 мина обвинети во неколку наврати беа испитувани сведоци кои потврдија дека работеле во дискотеката но не биле вработени. Во него се опфатени инплектори од Дирекцијата за заштита и спасување и од државниот пазарен инспекторат.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР без одговор дали има кривична пријава за избоденото момче во Ченто

Tea Dimkovska

Крави и коњи цела недела шетаат по градските улици во Тетово – никој не знае чии се

Sonja Petrusevska

Започна да тече рокот за поднесување приговори за резултатите од државната матура

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе