Со две малолетнички кои тепаа и се изживуваа врз 12 годишно девојче во скопската населба Аеродром полицијата изврши службен разговор во присуство на нивните родители.
Другите малолетници кои го снимаат насилството и не преземаат ништо за да го спречат туку напротив ги бодрат насилничките, полицијата се уште не ги идентификувала.
Чинот на насилство што ја згрози јавноста, во полиција го пријави мајката на 12 годишното девојче. Во пријавата, таа навела дека нејзината ќерка во парк во општина Аеродром, била физичко нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува.
Откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници. Девојчето рекло дека еден од нив го познавала.
Освен двете маолетнички со кои бил извршен разговор, полицијата соопшти дека уште не ги идентификувала другите малолетници.
За сите инволвирани во случајот ќе бидат ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 и за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.
Известен е јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
