Вести Најважни Свет

(Видео )Руски напад врз Украина го тресеше Киев со часови, има жртви

Русија започна голем напад врз главниот град на Украина со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта при што интензивните напади предизвикаа гласни експлозии и го тресеа Киев со часови.

Станбени згради се оштетени во нападите во кои загинаа над 10 луѓе. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека најмалку 11 луѓе се повредени. Нападот со балистички и крстосувачки ракети и беспилотни летала ги погоди сите 10 области на градот, од двете страни на реката днепар.

Многу жители се засолнија во  метро станиците откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ги издаде првите предупредувања за нападот.

Русија ги интензивираше своите напади врз Киев, откако беспилотни летала со долг дострел на Украина против руските воени објекти и енергетски објекти предизвика недостиг на гориво и прекини во снабдувањето во Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

Дејан Дејан

ЦГК: Избледени и необлежани пешачки премини ризик за безбедноста

Дејан Дејан

ДЗР: Слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе