Вести Македонија

Давитковски: Политичките партии нè третираат нас граѓаните како морони, никој не нè прашува како изборен модел сакаме

Од 1991 година досега сменивме три изборни модели, од класичен мнозински, дојдовме до комбиниран и сега пропорционален, со шест изборни единици, вели Борче Давитковски, универзитетски професор во пензија, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Значи, никој не ги праша граѓаните дали сакаат мнозински, како што е во Англија, дали сакаат класичен пропорционален, дали една изборна единица, дали шест, дали да се гласа на отворени листи, на затворени листи, итн. Тоа се врши, ќе одат во Клуб на пратеници политичките партии и си измислија дека треба да одлучат сите со консензус за оваа работа“, коментира Давитковски.

Ова, додава тој, е потценување на граѓаните.

„Нас граѓаните нè третираат како морони. Тие што ќе одлучат и ние да се наредиме на избирачко место и да гласаме“, вели тој.

Кога се зборува за избори кај нас, тоа е само за политичките партии, смета Давитковски.

„Дали е голема политичка партија, дали е пајтон партија со членство од десетина луѓе, тие сите же се топорат таму и тие да одлучуваат за изборен модел, за начин на гласање, за финансирање на политичките партии, за правата кои ги имаат, за правните лекови, итн., што е многу погрешно“, рече Давитковски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Веднаш и сега акција, зошто губиме цели генерации, порачува професорката Стојаноска за врсничкото насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Илјадници амандмани за блокада на нов Изборен законик

Sasko Dimovski

Дурмиши во посета на Центарот за вработување во Тетово, по инцидентот со екипата на Телма

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе