Вести Македонија Топ вести

Филипче: Изборниот законик како што е предложен не е ниту европски, ниту демократски

Изборниот законик вака како што е предложен не е ниту европски, ниту демократски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конферениција.

Филипче посочи дека сегашното предложено законско решение, особено во делот на гласањето на дијаспората по електронски пат, отвора сериозни сомнежи за регуларноста и легитимноста на изборниот процес.

  • „Денеска, премиерот го слушнавме сите, рече би прифатил измени во поднесениот предлог за измена на Изборниот законик за сè и за сите наши забелешки, точки, освен за гласањето на дијаспората. Едноставно, најспорниот момент, премиерот инсистира да остане во законот. Токму овој начин на гласање на дијаспората, кој што го предлага Христијан Мицкоски да сè имплементира кај нас, не е ниту европски, не е ниту демократски“, рече Филипче.

Притоа, во однос на електронското гласање на дијаспората, Филипче укажа дека станува збор за модел што и многу поразвиени земји не успеале да го спроведат со соодветна контрола.

  • „Се предлага гласање на дијаспората по електронски пат. Начин на кој што се обиделе да го имплементираат многу поразвиени земји од нашата, како, на пример, Франција, и откако увиделе дека тоа не може да се спроведе како што треба, со соодветна контрола, тие тоа го повлекле“, рече Филипче.

Тој додаде дека не треба да се има двојни аршини кон гласачите во изборниот процес, а токму тоа се прави со електронското гласање.

  • „Зошто гласачот тука дома да има таков механизам на гласање, да се проверува идентитетот со фингерпринт и така натаму, при тоа начин на гласање,воведен на барање на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години, а сега целосно спротивно, нашите иселеници од земјата да гласат без никаква контрола. Зошто такви двојни аршини? Зошто да се доведеме во ситуација, да се сомневаме дека изборниот процес бил нерегуларен“, рече Филипче.

Воедно, Филипче посочи дека со електоронското гласање на дијаспората постои и дополнителен ризик од загрозување на самиот изборен ден.

  • „Зошто да ја изложиме државата на ризик ден, два, или на самиот ден, таквиот електронски систем да биде хакиран. Како ние тогаш ќе може да бидеме сигурни дека имаме легитимни избори“, рече Филипче.

(видео)Мицкоски инсистира за електронско гласање на дијаспората, подготвен е да прифати една изборна едица, но со изборен праг

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поевтина струја или прерани прогнози – Mицкоски уверува ќе поевтини, експертите предупредуваат на претпазливост

Дејан Дејан

Метеоропатија болест на современото општество – расте бројот на интервенции и колапси

Дејан Дејан

Управен суд: Филозофскиот факултет донел незаконита одлука кога на студентка на трет циклус и ги прекинал студиите

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе