Вести Македонија

Усвоен е новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри

Усвоен е новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри. Од министерството за финансии велат дека има за цел да обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на младите, да ја намали сивата економија, да ја зајакне контролата и надзорот врз приредувањето на игрите на среќа, да придонесе во борбата против перењето пари и финансиските злоупотреби и да создаде фер и транспарентни услови за работа на сите приредувачи.

Со овој закон за првпат се воведува критериум за оддалеченост на просториите за игри на среќа од најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Се регулира и рекламирањето на игрите на среќа, односно се забранува рекламирање на надворешниот дел од деловните простории, како и користење светлечки и агресивни реклами.

Во делот на инспекцискиот надзор се прошируваат основите за одземање лиценци и дозволи, а се зголемува и висината на глобите за сторените прекршоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССК: Анализа на цените пред и по кризата, за да се знае каде треба да има намалување

Sasko Dimovski

Шестмина застрелани во младински центар во Германија

Дејан Дејан

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе