Uncategorized Вести Македонија Најважни

Предметот за шпионската афера во кабинетот пред крај, вели државниот обвинител Савески

Пред завршување е, вели државниот обвинител Ненад Савески за предистрагата за сомнежите дека вработен во кабинетот на претседателката Силјановска копирал документи и информации од информатичкиот систем на претседателскиот кабинет. Сите видео снимки од надозрните камери се анализираат во обвинителството, а последните активности се однесуваат на анализата на податоци од одземените компјутерски и телефонски уреди. Савески потврди дека и самиот учествувал на соатанокот на истражителите за овој сензитивен предмет.

„Имаше состанок со истражителите на МВР и  тимот на истражители кои што работат на овој случај а кој се во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција имаше координативен состанок на кој и јас присуствува, се направи план за понатамошни истражни дејствија.  Од она што можев да го имам во увид од обвинителот и истражните тимови, во завршна фаза се истражните дејствија“, рече Ненад Савески, Јавен обвинител на РС Македонија ,

Обвинителот Савески на брифинг со новинарите минатата недела го  нарече предметот „Аферата шпион“, а бил пријавен на крајот на декември лани. Сомнителните активности се случувале во средината на ноември. Телма објави дека осомничен е информатички администартор кој всушност е пензиониран армиски специјалец којшто во кабинетот работел на позицијата 9 години. По пензионирањето во 2022-ра, продолжил да работи како надворешен консултант иако на отворени финансии не се регистрирани исплати на негово име минатата година кога бил пријавен. Случајот беше откриен по анонимно писмо во кое беа содржани повеќе наводи и се бараше нова истрага за случајот односно за спората истрага на ОЈОГОКК. Според првичните сознанија објавени во КОД на Телма, скандалот избувнал со анонимното писмо испратено поради меѓусебни пријави и нетрпеливост на двајца функционери во кабинетот, по што за случајот се интересирале и претставници на НАТО и на државите членки на Алијансата со кои разменуваме класифицирани и доверливи информации и документи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Студентите во студентскиот дом во Охрид седум дена без топла вода – како решение им било понудено сите да користат една соба со туш

Tea Dimkovska

ЕУ со нон-пејпери се подготвува за проширување – Македонија заглавена на уставните измени

Дејан Дејан

Докази поврзани со агенцијата за обезбедување Рубикон, изведувани на денешното рочиште за ПУЛС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе