Денеска стратува Светското првенство во фудбал 2026, чии домаќини се САД, Канада и Мексико.
Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечерва во 21 часот почнува фудбалската светска треска.
Мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк.
Во текот на следниот месец, најголемиот светски спектакл ќе го заземе централното место во 16 градови домаќини низ САД, Мексико и Канада.
Новиот, проширен формат носи 48 репрезентации кои ќе ги одмерат силите во 104 натпревари на патот до финалето,
Натпреварувањето во групната фаза ќе вклучува 12 групи. Двете најдобри репрезентации од секоја група и осумте најдобри третопласирани ќе се пласираат во 1/16 финалето.
