Балкан Вести Свет

Во Тирана најмасовен протест досега против „Зврнец”

Најголеми досега беа  протестите кои синоќа се одржаа во Тирана против изградбата на луксузно одморалиште на јадранскиот брег во јужна Албанија, планирано од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Ова беше11-ти протест по ред, траеше повеќе од четири часа, со учество и на Албанци надвор од Албанија, што доби сенационален карактер.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Албанија не е на продажба“ „Рама во затвор – Бериша во затвор“ ” Оставете не да живееме тука“ .

Проектот кој ќе чини 4 милијарди долари, предизвика јавно негодување поради неговата локација во близина на заштитено мочуриште и недостатокот на транспарентност во плановите за комплексот.

Екологистите тврдат дека со реализација на проектот би се загрозиле над 70 загрозени видови и повеќе од 200 миграциски видови, вклучувајќи фламинга, медитерански морски фоки и морски желки.

Протестите, наречени „Фламинго револуција“ во Албанија по фламингата што живеат во заштитеното подрачје, започнаа кон крајот на мај по оградувањето на земјиштето кај Зврнец во близина на Валона, што е дел од поголем проект за развој на луксузен туристички комплекс што го вклучува и островот Сазан.

(Фото) Протести во Тирана, граѓаните не сакаат зетот на Трамп да гради луксузен комплекс

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Ја сакам инфлацијата

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ најави можна оставка и нови политички потези

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Алиу: Да не ги прикриваме проблемите, туку да почнеме да ги решаваме

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе