Вести Македонија Топ вести

Над 12.000 матуранти полагаат државна матура – испит по мајчин јазик

Тишина во училниците, пенкала в раце и погледи вперени кон тестовите. Матурантите продолжија да полагаат државна матура.

Во неколку реда еден зад друг, под будното око на тестаторите и набљудувачите, го полагаа задолжителниот испит по мајчин јазик. Повеќе од 12 илјади ученици одговараа на прашања по македонски, албански, турски или српски јазик и литература. Тестовите треба да го измерат знаењето стекнато во изминатите четири години.

Дел од матурантите во Гимназијата „Јосип Броз  – Тито“ беа задоволни од полагањето.

  • Се беше добро, си научивме, си напишавме, супер! Искрено задоволни сме и од комисијата и од се.
  • Македонски полагав. Супер поминавме, доволно време има за се да напишеш, да размислиш. Задоволни сме од процесот на спроведување на државна матура, супер беше местото, тестаторите беа OK.
  • Македонски полагав. Супер беше. Многу подобро отколку што очекував, па за резултати ќе видиме. Се беше како што треба.
  • По македонски јазик и литература. Супер поминав благодарение на класната што не подготви.

 

Од Државниот испитен центар велат дека денешното тестирање за сега, поминува без проблеми. Испитот почна навреме, во 9 часот, а целиот испитен материјал бил навремено доставен до местата за полагање.

  • Досега немаме никакви забелешки за текот на испитот. Значи, се тече во најдобар ред. За препишување се уште немаме никакви сознанија. Кога ќе се вратат набљудувачите од терен, кога ќе ни го достават назад испитниот материјал од нивните протоколи ќе видиме на што наишле во текот на тестирањето на денешниот ден- Даниела Јовчевска Михајловска, директорка на Државен испитен центар.

Државната матура продолжува и утре, кога ќе полагаат учениците кои избрале државна стручна и уметничка матура.

Но, вниманието и годинава е насочено и кон можните злоупотреби. Само на полагањето по странски јазик во саботата биле откриени 30 ученици кои препишувале.

Нешто повеќе од 14 илјади кандидати годинава ја полагаат државната матура. По искуствата од претходните години и масовно препишување преку вибер групи, контролите се засилени, а правилата построги.  Сега се полага во големи простории, под засилен надзор и со забрана за користење мобилни телефони, за  матурата да помине според процедурите.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу не се откажува од фингерпринт и покрај отпорот на докторите

Дејан Дејан

Реакциите на политичарите не влијаат врз моите одлуки, вели државниот обвинител Савески

meteo

Предметот за шпионската афера во кабинетот пред крај, вели државниот обвинител Савески

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе