Вести Македонија Топ вести

(Видео)Студентите во студентскиот дом во Охрид седум дена без топла вода – како решение им било понудено сите да користат една соба со туш

Студентите сместени во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе седум дена се оставени без топла вода објави студентската платформа „Студентарија“. Според нивни информации причината за проблемот е недостиг на нафта за загревање на водата во домот.

Оттаму наведуваат дека како привремено решение на студентите им е понудено користење на гостинска соба со бојлер на струја, но оценуваат дека во дом во кој престојуваат повеќе студенти ваквото решение тешко може да одговори на сите потреби.

„Дополнително, според сведоштва и видеа доставени, просторијата што е посочена за користење е во несоодветна состојба. Студентите кои се пожалиле посочуваат дека просторот изгледа нечисто, а вратата не може целосно да се затвори“, велат од Студентарија.

Ова не е првпат студентите во овој дом да се соочуваат вакви проблеми. Во февруари годинава студентите немаа електрична струја повеќе од 30 часа, а со тоа останаа и без греење, соодветни услови за подготовка на храна и услови за учење.

Т.Д.

(Видео)Студентскиот дом во Охрид како во хорор филм – без струја и греење над 12 часа, нема топла вода, а за вечера јогурт и говедски нарезок

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ со нон-пејпери се подготвува за проширување – Македонија заглавена на уставните измени

Дејан Дејан

Докази поврзани со агенцијата за обезбедување Рубикон, изведувани на денешното рочиште за ПУЛС

Дејан Дејан

Алиу не се откажува од фингерпринт и покрај отпорот на докторите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе