Вести Економија Топ вести

ЕСМ ќе се задолжува за Чебрен- министерката за финансии Кочоска ги чека да и се обратат

ЕСМ да подигне кредит, државата да биде гарант. Ова е начинот на кој се планира да се соберат потребните пари за изградба на Чебрен. Барем ваква информација добила министерката за финансии Кочоска од премиерот која во вчерашната ТОП ТЕМА, кажа дека додека до нејзе не се обратат од ЕСМ и додека не биде готова физибилити студијата не може да се соопштат повеќе детали за реализацијата на хидроцентралата на Црна Река,  која деновиве повторно се најде во фокусот.

Додека не биде физибилити студијата додка не се обрати  ЕСМ  во министерството за финансии повеќе од тоа не можам ништо да кажам. Она што  во разговори со премиерот го знам е дека ЕСМ ќе  бидат кредитобаратели и апсолутно тоа нема никаква врска со буџетот да ќе има најверојатно државна гаранција, но сето тоа ќе си го прави ЕСМ, изјави во Топ Тема, министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска

Од  ЕСМ за ТЕЛМА  пак соопштија дека  во изминатиот период се сретнале со претставници на меѓународни финансиски институции за кои тврдат дека имало интерес за проектот.

Очекуваната вредност на инвестицијата, според тековните пазарни цени, се движи најмногу до 1,5 милијарди евра, а предвидениот период за нејзина реализација ќе изнесува најмалку седум години, соопштија од ЕСМ

Кога се соопшти потребната сума за Чебрен се отвори прашањето што ќе се случува со јавниот долг, кој оваа година се очекува да ги надмине црвените линии и да биде над 60 отсто од БДП. Но, министерката Кочоска се надева на економски раст односно дека проектите ќе генерираат додадена вредност и на тој начин ќе го менаџира долгот.

Хидроцентралата која со децении се гради на хартија и за која на терен никако да се видат активности – добива ново поглавје. Овој пат владината желба е проектот да го гради државата, без да бара инвеститор. Домашните експерти пак сугерираат и главниот изведувач на работите да биде домашна, а не странска градежна фирма.

Досега за Чебрен имаше 14 тендери. На последниот беше избрана грчката фирма Архиродон, но на крајот не се потпиша договор. Тогаш, ВМРО- ДПМНЕ како опозиција се противеше странци да бидат дел од проектот. Но, со доаѓањето на власт Чебрен се најде во разговорите при посетата на Обединетите Арапски Емирати, а премиерот Мицкоски го презентираше и пред инвеститорите во Давос.

Чебрен и Галиште е проект кој е дел од  речиси сите владини програми.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу не се откажува од фингерпринт и покрај отпорот на докторите

Дејан Дејан

Реакциите на политичарите не влијаат врз моите одлуки, вели државниот обвинител Савески

meteo

Предметот за шпионската афера во кабинетот пред крај, вели државниот обвинител Савески

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе