Вести Македонија Топ вести

ЕУ со нон-пејпери се подготвува за проширување – Македонија заглавена на уставните измени

По писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц за брз прием на Украина во ЕУ, па дополнувањето со нон-пејперот од Германија и Франција како тоа да се направи и со Западниот Балкан, во продолжение – Франција и Германија, заедно со Холандија, Белгија и Луксембург ставија потпис и на нон-пејпер со кој се бараат промени во идните договори за пристапување во ЕУ, со аргумент, дека пресликување на претходните договори на новите членки не е доволно. Тие предлагаат заштитини клаузули во одредени области, како и заштитна клаузула за забрана од назадување во вредностите на ЕУ, пред се во владеењето на правото. Се предлагаат и преодни мерки по одредени области, но и мониторинг механизам по членството со кој би се следело соодветно спроведување на европското законодавство.

„Заштитна клаузула – која се протега надвор од областите опфатени со претходните пристапни договори (во врска со правдата и внатрешните работи, внатрешниот пазар или економската состојба во дадена област) – за да се овозможи преземање заштитни мерки во случај на сериозни недостатоци или назадување во соодветната земја-членка во заштитата на вредностите на ЕУ, вклучувајќи го почитувањето на владеењето на правото, демократските принципи и слободата на медиумите“, стои во нон-пејперот.

Петте земји бараат и внатрешни реформи на Унијата, поточно обезбедување дека таа има капацитете да делува, особено во носењето на одлуките.

„ЕУ треба да води длабинска дискусија за можноста од привременo, преоднo ограничувања на правото на глас за новите земји-членки, особено за деловите од европското законодавство каде се предвидува едногласност како што се проширувањето, заедничката надворшна и безбедносна политка, буџетот на ЕУ, земајќи ги предвид правните и политичките чувствителности“, стои во документот изготвен одГерманија, Франција, Холандија, белгија и Луксембург

И додека Европската унија, дури и неформално, засиелно се подготвува за проширување, Македонија останува заглавена пред предизвикот уставни измени, од синоќа потврдени и и надополнети од Бугарија со барања и околу историската комисија. За тоа информираше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која по средбата со бугарската претседателка, Илијана Јотова, во Софија, рече дека за Бугарија не се во прашање само уставните измени, туку и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на исторската комисија.

Но, и по ваквите пораки од Бугарија и изјавата на  евромабасадорот, Михалис Рокас, дека и по нон-пејперот на Франција и Германија за Македонија останува обврската за  уставни измени, премиерот, Христијан Мицкоски, не го напушта оптимизмот од средбата која ја имаше со Мерц и Макрон за македонското евроинтегрирање

„Јас сум се уште оптимист кога станува збор за разговорот кој го имав со канцеларот Мерц и до францускиот претседател, Макрон, затоа што тоа што го разговаравме на тој состанок е сосема различно од тоа што е разговарано на вчерашниот состанок. Такашто ние мора да бидеме оптимисти и да работиме“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Инаку Сиљановска Давкова изјави дека Јотова воопшто не била заинтересирана да разговара за нон-пејперот на Германија и Франција, туку за билатерални прашања.

Тамара Грнчаровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Студентите во студентскиот дом во Охрид седум дена без топла вода – како решение им било понудено сите да користат една соба со туш

Tea Dimkovska

Докази поврзани со агенцијата за обезбедување Рубикон, изведувани на денешното рочиште за ПУЛС

Дејан Дејан

Алиу не се откажува од фингерпринт и покрај отпорот на докторите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе