Државниот обвинител Ненад Савески ги слуша и не сака да ги коментира изјавите на политичарите меѓу кои и оние на премиерот кој порача дека трпението му е при крај за дел од обивнителството што смислува изговори. Според Савески природно е јавноста да има очекување од обвинителството да даде разултати но впечатокот му е дека обивнителите го даваат максимумот во сите предмети.
По изјавата на Мицкоски дека не разбира што е чудно што се слушнал со јавниот обвинител затоа што го предложи владата и најави ќе го прави и во иднина затоа што тоа му е работа, Савески вели:
- Не знам во колкава мера е тоа надлежност на премиерот – покрај останатото – да се јавува кај јавен обвинител, меѓутоа, како и секој друг што има право да ми се јави, ми се јави и премиерот, односно претседателот на Владата, и тука не гледам ништо спорно. Сум истакнал и во моите претходни изјави дека секогаш сум за соработка меѓу институциите. Во овој случај, комуникацијата помеѓу Јавното обвинителство и другите институции сметам дека е неопходна, со цел постигнување резултати. А за да се постигнат резултати, потребно е да се обезбедат и услови. Во голем дел, токму извршната власт има задача и улога да обезбеди услови за работа на јавните обвинители – Ненад Савески, државен обвинител.
Јавувањето на премиерот за конкретни предмети не го доживува како нарушување на самостојноста на обивнитеството бидејќи е загарантирана во Уставот и законите. Ниту една реакција не влијаела врз неговото одлучување и постпаување а таква порака испрати и до обвинителите да не дозовлат изјавите и постпаките на други да влијаат врз нивното скеојдневно работење.
И Советот на јавни обвинитлеи ги следи пораките на функционерите но не ги коментираат политички изјави.
На денешната седница советот ја избра Наташа Крстевска Цалева за вршител на должност шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.
Таа беше на оваа позиција и до сега но истече законскиот период периодот од 6 месеци а во мегувреме не беше избран шеф на обвинителството па се распиша нов оглас
На вториот оглас се пријавија 5 кандидати за шеф на вишото скопско обвинителство. Обвинителите Енџелуше Кадриу Леши, Фатиме Фетаи, Артан Ајро Јасмина Костеска Здравеска и Теута Бедиу Рамадани
Елена Ивановска Мукоска
Б.С.
