Постапката на трудовиот инспекторат за градилиштето во Кисела Вода, каде еден работник загина, а 4 беа повредени сѐ уште не е завршена, иако помина еден месец од несреќата.
Од Државниот инспекторатот за труд за Телма рекоа дека инспекциска мерка ќе биде ирзечена, откако ќе земат изјава од уште еден работник кој по несреќата беше опериран поради тешките повреди здобиени на градилиштето.
„Забраната за градежни активности сѐ уште е на сила но моментално на тоа градилиште се работи на подградување на темелната јама со поставување на шипови и бетонски платна, што претставува колективна заштита на вработените при идните дејствија“, рекоа од Државниот инспекторат за труд за Телма.
По изврешниот надзор, инспекторатите утврдиле дека на градилиштето немало соодветна заштита од нагло лизгање на земјиштето. Како основна причина за несреќата беа псоочени непреземени мерки за безбедност и здравје при работа како и недостаток на заштита на темелната јама од обрушување на земјиштето.
Дозволата за изградба на станбено-деловниот објект на улицата „Козјак бр 4“ е правосилна од 9 март годинава. Ивзедувач на работите е „Компанија Јакимовски“ а инвеститотот „НАР Инвестмент“.
