Полицијата санкционирала 116 мотоциклисти за различни прекршоци и одзела три мотори во акцијата за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли која се спровела вчера од 10:00 до 18:00 часот во Скопје.
Санкционирани се 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и други видови прекршоци.

Поради безобѕирно управување со мотор одземени се три мотоцикли поради сторено кривично дело по член 297а од КЗ.
Акциските контроли продолжуваат и наредните денови.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
