Тротоарот на улица „Христо Смирненски“, во делот кон градилиштето што зафаќа и дел од булеварот „Теодосиј Гологанов“ (поранешна „Иво Лола Рибар“), е сериозно оштетен поради свлечиште предизвикано од активностите на градилиштето објави страницата „Во одбрана на Буњаковец“ на нивниот „Фејсбук“ профил.
Според објавата на објектот се работело и за време на празничниот ден, при што се вршело испумпување на вода кон градската канализација, што дополнително придонело за нарушување на стабилноста на земјиштето и оштетување на тротоарот. Станува збор за простор од значење за движењето на граѓаните во населбата Бунјаковец, каде безбедноста на пешаците е директно загрозена велат од здружението.
Тие упатија апел до Инспекторатот на Општина Центар, Општина Центар – Скопје, како и до градоначалниците Горан Герасимовски и Орце Ѓорѓиевски, да постапат итно и координирано за заштита на јавниот простор и безбедноста на граѓаните.
Т.Д.
