Вести Македонија Топ вести

Земале плата и апанажа цела година – ДКСК ќе ги пријави поранешните директори на Тец Неготино во Обвинителство

Поранешни членови на Управен одбор на ТЕЦ Неготино, а сега директори во Електрани земале апанажа и плата во исто време се сомнева Антикорупциската комисија. Ќе ги пријави во обвинителството после анонимна дојава уште од пред скоро две години. На денешната седница членовите на ДКСК утврдија дека во злоупотребата им помогнале поранешни членови на надзорниот одбор на Тец Неготино, па и тие ќе влезат во известувањето за Злоупотреба на службена положба. Според ДКСК злоупотребата се случила кога падна одлука на Влада Тецот да се соедини со ЕСМ. На менаџерските договори биле потпишани анекси со одобрение на надзорниот одбор во кои членовите на управниот ќе земаат плата, но и апанажа за една година. Според информациите на Телма таа беше по повеќе од илјада евра, а ДКСК денеска објави дека биле предвидени 20 илјади евра за сите директори и членови.

ДКСК беше под лупа токму поради случајот со поранешната претседателка Татјана Димитровска која е обвинета дека оддавала службена тајна на директорот на ТЕЦ Неготино. Судењето за неа се уште трае, а беа објавени телефонски пораки со кои според обвинителстовто се открива дека му давала податоци на директорот Небојша Стојановиќ.  Денеска од антикорупциска не откриваа детали за нивната истрага, ниту за колку луѓе ќе има пријави, ниту пак зошто толку долго време им требало на да го сработат предметот.

Инаку на почетокот на месецов обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја запре истрагата за можните злоупотреби со мазут во ТЕЦ Неготино во вредност од 163 милиони евра. Од обвинение куртулија Ратко капушевски и неговата фирма РКМ, сопственикот на Пуцко петрол, Асмир јахоски, и поранешни директори на ЕСМ меѓу кои избеганиот Васко Ковачевски.

Актуелно судњење има за случајот Адитив, а поврзан исто така со елктрани и тец неготино и штета од 6,4 милиони евра. Таму меѓу обвинетите се шест поранешни директори во Електрани, како и поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ.

Билјана Николова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе