Вести Свет

Иран воведува нов режим на контрола во Ормускиот теснец

Иран, воспоставува повеќеслоен систем за контрола на пловидбата низ Ормускиот теснец, клучна морска рута низ која поминува околу една петтина од светската нафта.

Овој систем вклучува владини договори, строга проверка на бродовите и во некои случаи наплата на „такси“ за безбеден премин, додека глобалните енергетски текови се нарушени поради регионалниот конфликт.

Во еден од инцидентите за кои пренесува Ројтерс, танкер со ирачка нафта на пат кон Виетнам бил задржан и проверуван од Иранската Револуционерна гарда во близина на островот Хормуз.

Иако првично бил пуштен да помине, бродот подоцна бил запрен поради сомнежи за шверц, по што следела повеќечасовна проверка пред да добие дозвола за продолжување.

Извештајот наведува дека ваквиот пристап му дава на Техеран поголемо де факто влијание врз една од најважните светски трговски рути, што предизвикува загриженост кај меѓународните бродски компании и влади.

САД, повикуваат да не се прифаќаат ваквите ирански механизми за контрола, додека дел од државите и превозниците сепак продолжуваат со транзит поради енергетските потреби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велешанка со нож го прободела вонбрачниот сопруг по семејно насилство

Дејан Дејан

Инфлацијата во јуни со пад од 0,5% споредено со мај – годишно повисока за 3,4 отсто

Tea Dimkovska

Судиите поротници денес на мирен протест откако со години никој не презема мерки за нивните ниски надоместоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе