Вести Македонија Топ вести

Предлагаат постепена интеграција на Западен Балкан во единствениот пазар – нон-пејпер на пет земји членки на ЕУ

Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието на трети земји.

Во нон-пејперот, потпишан од Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија, се наведува дека постепената интеграција по сектори, „како меѓучекор кон целосната европска интеграција“, треба да се спроведува кога кандидатот ќе покаже високо ниво на усогласеност со правните текови на ЕУ во релевантниот сектор и кредибилна примена на владеењето на правото. Документот предвидува и заштитни мерки во случај на назадување на земјата која добила пристап до пазарот.

Укажувајќи на заморот од реформи кај кандидатите, во документот објавен од медиумот „table.media“ се оценува дека пристапот до единствениот европски пазар, доколку е потребно и чекор по чекор, претставува силен поттик што ги мотивира граѓаните и политичките лидери да спроведат неповратни реформи.

Во рамките на четирите слободи на внатрешниот пазар, оваа системска секторска интеграција би можела да ги опфати областите како што се целосната примена на зелените коридори, забрзаната интеграција во енергетскиот пазар и пазарот на електрична енергија, како и интеграцијата во единствениот дигитален пазар. Се споменуваат и секторите за транспорт и логистика, политиките за критични суровини, како и овозможувањето на мобилност за младите.

Документот беше претставен од министерката за надворешни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, на минатонеделниот состанок на министрите за надворешни работи на групата „Пријатели на Западен Балкан“ и западнобалканската шесторка во Братислава. Шефицата на австриската дипломатија порача дека целта останува полноправно членство, но дека проширувањето треба да се спроведува во фази, со примена на принципот на квалификувано мнозинство при одлучувањето за меѓучекорите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Sasko Dimovski

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе