Премиерот Христијан Мицкоски прашан за шпионската афера во Кабинетот на Силјановска ги коментираше оние кои го пријавиле случајот. Според него се работи за политички глодари кои се претставувале како анонимни вработени и испраќале писма до oбвинителството.
Според него, шефот на ОЈО ГOКК Ислам Абази создавал паника во јавноста дека нешто се случува.
„Талог на општеството, структури од минатото кои биле во кабинетите како глодари на некои политичари, претседатели, премиери, итн. и тие се претставуваат како група вработени и испраќаат анонимни дописи до Обвинителството. Се разбира таму е Ислам Абази веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодари, зашто мислам дека треба да ги заборавиме“, рече Мицкоски.
