Напаѓач отворил оган во јужна Турција, при што загинале четири лица, пренесоа локалните медиуми.
Уште осум лица биле повредени во округот Тарсус, во провинцијата Мерсин, според турскиот весник Хуријет и CNN Türk.
Се наведува дека пукањето започнало во ресторан, по што осомничениот избегал со автомобил.
Полицијата започнала голема операција, со поддршка од хеликоптери, во обид да го уапси напаѓачот.
Турските медиуми јавуваат дека две лица биле убиени во ресторанот. Се верува дека станува збор за сопственикот и еден вработен.
Напаѓачот потоа продолжил да пука, при што убил овчар кој чувал стадо во близина и возач на камион.
Идентитетот и мотивите на осомничениот напаѓач засега не се познати.
