Дваесет и едно лице загинаа, а 61 се повредени во експлозија на фабрика за пиротехнички материјали во централната кинеска провинција Хунан, соопштија локалните власти.
Над 480 пожарникари во пет тима беа мобилизирани за гаснење на пожарот и спасување на животи, а беа распоредени и три спасувачки роботи.
Местото на експлозијата се наоѓа во близина на складиште со барут, па спасувачките екипи го евакуираа најнепосредните соседи и поставија тампон зона со цел да спречат секундарна несреќа.
Во тек е истрага за причините за експлозијата, а полицијата го приведе одговорното лице на компанијата.
