Состојбата со горивата во Македонија е стабилна вели премиерот Христијан Мицкоски. Според него земјава има доволни количини за граѓаните и компаниите.
Нагласи дека земјата има едни од најниските цени на нафта и деривати во регионот и Европа.
Дополнително, посочи дека АД ЕСМ остварува приходи од продажба на струја и дека нема да има поскапување на електричната енергија за граѓаните.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
