Вести Македонија Топ вести

Почна судењето за полицајците во „Пулс“ – кои прекршоците во дискотеката ги запишувале на друга фирма

Спасенка Андонова е обвинителката од Обвинителствотo за гонење организиран криминал и корупција која го превзема предметот за тројцата полициски службеници од Кочани. Таа денеска го застапуваше обвинението на местото на Ивана Трајчева која не беше реизбрана во обвинителството за органзииран криминал.

На денешното рочиште сведочеа двајца полицајци кои беа предложени од адвокатите на тројцата обвинети. Првиот сведок рече дека во 2023 година заедно со еден од обвинетите биле во акциска контрола на Пулс, но газдата Дејан Јованов Деко не соработувал со нив. И покрај тоа што затекнале две малолетнички Деко не сакал да им ја даде тековната состојба на фирмата за да ги внесат податоците во записник. Тие констатирале прекршок а податоците за тоа на која фирма да поднесат ги црпеле од централниот регистар. Така прекршок и поднеле на фирмата Класик, која била неактивна.

Но и според вториот сведок тоа е пракса, односно е нормално да се дава прекршочен налог на неактивна фирма.

Адвокатите како доказ побараа да бидат приложени и две пресуди од кочанскиот суд за изречените казни но судот не ги испорачал.

За следното рочиште закажано на 20 април се очекува да сведочат и обвинетите полицајци кои се теретат за злоупотреба на службената положба. Обвинети се дека не постапиле по анекс-планот за акциска контрола при изготвување на записници за извршена контрола.

Констатирале прекршоци, но внеле погрешни податоци за фирмата и за одговорното лице на дискотеката „Пулс“. Не побарале лиценаца за работа ниту пак ја прегледале целосната документација, тврди обвинителството.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе