Вести Економија Македонија Топ вести

Трка по потписи на договорите за повисоки мартовски плати

Трка со времето за потпис на новите колективни договори и повисоки мартовски плати во јавната администрација. Голем дел од државните институции, заедно со претставниците на УПОЗ, ставија потписи на новите договори, каде се пресметани 7 проценти зголемување, но дали сите 11.000 државни службеници ќе бидат покриени, засега не е познато. Во мартовската плата ќе биде пресметан и новиот минималец кој се зголемува за 1.600 денари и сега ќе изнесува 26.000 денари.

Службеници во Управата и правосудството кои имаат најниски плати во државната администрација, првпат по 12 години ќе добијат зголемување, потенцираат од УПОЗ.

„Тој договор беше постигнат на барање на УПОЗ. Имавме протести минатата и оваа година. По тие протести, Владата го прифати барањето на УПОЗ. Се постигна договор за зголемување на платата за 7 проценти во рок од три години, заедно со зголемување на минималната плата што значи ќе биде од 12 до 14 проценти зголемување на платата на вработените во Управата и правосудството. Она што се работи во моментов, се потпишуваат колективни договори во скоро сите институции кои се во опфат со Владата, односно од 10 до 11.000 вработени лица“, истакна Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Текстовите на договорите за државните институции се изготвуваа заклучно до крајот на минатата недела, а потоа одобрени од Владата беа доставени на потпис кој сите директори досега го немаат ставено. Од УПОЗ се децидни дека доколку не се запази рокот, ќе бараат на службениците да им бие исплатено зголемувањето на платата во текот на месец март, а не со априлската плата.

„Секаде каде што сме во можност се прават корекции, се прават нови платни листи, нови решенија. Има институции кои верувам дека ќе стигнат за исплата на новиот износ на плата. Но, може да постојат институции кои ќе исплатат плата по старо, а потоа со корекција ќе го исплатат и новиот износ на платата. Ние бараме во истиот месец и во најбрз можен рок тоа да се направи, бидејќи е потешко да се изведе со априлската плата“, додаде Деаноски.

УПОЗ протестираше минатата и оваа година пред да го постигне договорот за зголемување на платите за 30 проценти, даде поддршка на протестите на ССМ за зголемување на минималецот на 600 евра, но тоа барање не помина ниту кај Владата, ниту кај работодавачите и воопшто не беше ставено како точка на дневен ред на Економско-социјалниот совет.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе