16 годишно девојче е тешко повредено кога во неа удрил автобус од марката Ман кој превезувал ученици.
Нсреќата се случила пред средното училиште во кумановско Долно Којнаре вчера изутрина околу 9:45 часот. Автобусот го управувал 61-годишен возач од село Алгуња, општина Старо Нагоричане.
Ученичката се здобила со тешки повреди и била пренесена во кумановската болница, каде што ѝ е укажана лекарска помош. Полицијата изврши увид на местото на настанот и работи на расчистување на случајот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
