Саудиска Арабија ги повика САД да ги засилат нападите врз Иран, додека официјален Ријад ја разгледува можноста за директно вклучување во војната, изјави извор од разузнавачките кругови за „Гардијан“.
Саудискиот извор го потврди извештајот на „Њујорк тајмс“ во кој се наведува дека престолонаследникот Мохамед бин Салман апелирал до американскиот претседател Доналд Трамп да не ја прекинува својата војна со Иран и оти актуелната воздушна кампања против Техеран е „историска можност“ за преобликување на Блискиот Исток.
Разузнавачки извори рекоа дека Ријад не повикува само на продолжување на војната, туку и на нејзино интензивирање.
Досега нема извештаи за активно учество на саудиски сили во речиси четиринеделната воена кампања. Меѓутоа саудиски политички аналитичар рече дека кралството веројатно ќе преземе таков чекор ако пропаднат мировните напори што ги предводи Пакистан.
