Такси за обработка на сите пратки со ниска вредност увезени во Унијата, ќе почнат да се применуваат најдоцна од 1 ноември.
Овие нови давачки ќе се додадат на претходно утврдената такса од 3 евра по артикл за „мали пратки“ под 150 евра која стапува во сила во јули, а која главно ги таргетира производите од Кина.
Целта на мерките кои ги воведува ЕК е сузбивање на нелојалната конкуренција од азиските платформи за онлајн трговија кои го преплавуваат европскиот пазар.
Договорот предвидува и високи казни за платформите кои увезуваат опасни или фалсификувани производи, кои можат да достигнат до 6% од вкупната вредност на стоката увезена во изминатите 12 месеци.
Во екстремни случаи, предвидено е и привремено исклучување на платформите. Во 2024 година во ЕУ влегле околу 4,6 милијарди мали пратки, од кои дури 91 отсто биле со потекло од Кина.
