Вести Македонија Топ вести

Ја удирал сопругата со клоци и тупаници, се здобила со фрактури на три ребра – случај на семејно насилство во Куманово

Педесет и деветгодишен маж после расправија целосно изгубил контрола врз себе во семеен дом во Куманово. Почнал да ја удира сопругата со тупаници и клоци. Жената завршила со три скршени ребра и веднаш побарала лекарска помош. Обвинителството брзо реагирало и покренало постапка за тешка телесна повреда, а судот одлучил да го стави осомничениот во притвор додека трае истрагата.

„На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што ѝ предизвикал сериски фрактури на три ребра. Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131, став 2, во врска со став 1, од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор, со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката“, се наведива во соопштението на обвинителството.

Секојдневно во билтените на полицијата се појавуваат десетици пријави за семејно насилство, но според познавачите, тоа може да се должи на охрабрувањето на жртвите да пријавуваат.

„Гледаме еден процес каде што сè понасилно и понасилно станува семејното насилство. Ние само в јануари месец имавме соопштение дека секој ден имаме семејно насилство, насилство меѓу деца, се зголемува насилството во онлајн просторот и голем број на пријави на сексуално насилство, посебно врз малолетници. Загрижувачки се бројките, алармантни се. Последниот случај… Целта е да го снема овој вид на насилство, но надежта е дека секој постапува во согласност со своите ингеренции за да можеме некако да го спречиме“, вели Ана Аврамоска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Промена и подобри законски решенија, подобрување на услугите на жртвите на насилство и постапување на сите институции во својот дел, се дел од работите кои треба да се направат за да се намали бројот на жртви, додава Аврамоска Нушкова. 

Последниот случај во скопско Тафталиџе ја трогна и вознемири целата јавност. Мајка со своето шестгодишно дете, по долги години малтретирање, загубија живот. Ивана со години трпела од својот сопруг, Стојанче Јовановски. Постојано ја навредувал, тепал, понижувал и ѝ нанесувал повреди по целото тело. Безизлезната ситуација ја натерала да ја донесе најтрагичната одлука, заедно со ќерка си Катја скокна од балконот од зградата во Тафталиџе. Стојанче сега се соочува со обвинение за наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. На 30 март ќе седне на обвинителна клупа за да одговара за тоа што им се случи на неговата сопруга и ќерка.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе