Вести Македонија Топ вести

Секое петто боледување спорно – контрола на ФЗОМ во МВР

Боледување поради лумбаго, но во документацијата нема рендген снимка, зел боледување па на социјалните мрежи се пофалил со слики од странство, четири пати сменил матичен лекар за да може непрекинато да вади нови боледувања. Ова се само дел од неправилностите кои ги утврдила контролата на ФЗОМ во Министерството за внатрешни работи (МВР). Контролата е спроведена во втората половина на минатата година на барање на Внатрешната контрола во МВР, а под лупа биле 80 службеници во МВР кој имале отворено вкупно 514 боледувања.

Нерегуларности се откриени кај 29 полицајци кои заедно користеле вкупно неверојатни 239 боледувања, а спорни биле 100 боледувања во траење од 15, 30 или повеќе денови.

„Вообичаените најчести дијагнози се респираторен систем, мускулен систем се мисли на рбет и слични проблеми и дигестивен систем. Каде што и најтешко се докажува. Има 10 случаи каде што се менувани матичните доктори, што укажува на ризик од злоупотреба, бидејќи кога ќе го исцрпите својот матичен лекар, злоупотребата продолжува со друг матичен лекар кој е спремен да удоволи на барањата“, изјави д-р Сашо Клековски, директор на ФЗОМ.

Потписите и печатите на лекарите кај лажните боледувања ги однеле тимовите на ФЗОМ во 105 приватни здравствени установи, матични лекари и специјалисти. Прекршоци се утврдени кај 27 матични лекари, двајца гинеколози, тројца специјалисти и две комисии. Тие се соочуваат со казни во висина од 1,2 милиони денари.

„Дваесет и девет здравствени установи, 27 од општа медицина и два од гинекологија издале неуредни боледувања. Три специјалисти од три ЈЗУ, исто така, и две првостепени лекарски комисии имале грешки во издавањето боледување. Најчести недостатоци е непридржување кон задолжителните дијагностички постапки за издавање на боледување. Чисто за илустрација, ако имате лумбаго, потребно е да има рендген снимка што ќе потврди дека имате лумбаго“, вели Клековски

За разлика од другите државни институции и приватниот сектор во МВР и во одбрана, за време на боледување се исплаќа 100 отсто личен доход што според Клековски е дополнителна причина за лажирање на боледувањата.

Решение на проблемот е интегриран систем со кој ФЗОМ ќе може да ги следи сите боледувања во јавната администрација во Македонија.

„Првиот чекор е интеграција на податоците за боледување, бидејќи во моментов кратките боледување се во „Мој термин“ а долгите боледувања се во ФЗОМ. Се надеваме дека со проектот за интероперабилност на двете бази ќе ни се овозможи да ги погледнеме и кратките боледувања, бидејќи со испрекинати боледувања со кратки паузи на различни дијагнози се најчестите злоупотреби“, додава Клековски

Од ФЗОМ најавуваат дека контролите ќе продолжат.

Огнен Чанчаревиќ

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе