Уште двајца нови пилоти успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено.
Со нив, ДЗС има на располагање вкупно пет пилоти коишто имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарните авиони „Ер трактор“ амфибија.
Се работи за двајцата вработени пилота во ДЗС, инаку со богата летачка работна биографија, пензионираниот полковник Роберт Малезански и Горан Блажески, кои од почетокот на март посетувале тринеделна преобука во европскиот референтен тренинг центар за воздухопловна противпожарна борба „Титан“ во Шпанија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
