Вести Свет Топ вести

Израел најавува „значително зголемување“ на нападите врз Иран, додека Трамп размислува за „постепено намалување“ на воените операции

Министерот за одбрана на Израел изјави утрово дека американските и израелските напади врз Иран „значително ќе се зголемат“ оваа недела, и покрај тоа што претседателот Доналд Трамп најави дека размислува за „постепено намалување“ на воените активности.

За време на прес конференцијата, министерот Израел Катц изјави: „Оваа недела, интензитетот на нападите што ќе ги изведуваат Израелските одбранбени сили и американската војска против иранскиот терористички режим и инфраструктурата на која се потпира ќе се зголеми значително, а кампањата предводена од претседателот на САД, Доналд Трамп, и премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе продолжи.

Израелската војска соопшти дека има „илјадници“ преостанати цели за напади во Иран и планира уште неколку недели војна.

„Нема да запреме сè додека не се постигнат сите воени цели“, изјави Кац утрово.

Вчера, Трамп напиша на социјалните мрежи дека САД се „многу блиску“ до остварување на сите свои цели и дека ќе размисли за „постепено намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток“.

Сепак, илјадници дополнителни американски маринци и морнари се упатуваат кон Блискиот Исток, додека војната со Иран влегува во својата четврта недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе